За Вас iks-faktor

26 јануари, 2015

Аудициите за „Х фактор“ почнуваат во Скопје…

… а пријавувањето завршува утре!

Целиот регион го очекува почетокот на предаудициите за втората сезона на „Х фактор“, а пријавувањето кое се одвива преку фан страницата на Фејсбук (за правилата можете да се потсетите овде), трае до утре, 27 јануари. Во новата сезона и со нова продукциска екипа, најгледаното шоу на планетата ќе започне да се емитува на пролет во дури пет земји од регионот: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Предаудициите ќе се одржат во осум градови, започнувајќи од Скопје (2 и 3 февруари), Подгорица (4 февруари), Сплит (5 февруари), Загреб (7 и 8 февруари), Бања Лука (9 февруари), Сараево (10 февруари) и Нови Сад (12 февруари), додека за српската престолнина се предвидени дури 3 дена (13-15 февруари). Во текот на овие предаудиции, пријавените кандидати ќе ги сослуша стручна комисија, која ќе донесе одлука кои од нив ќе продолжат во следната фаза и ќе имаат можност да ги покажат своите пејачки способности пред официјалните членови на жирито, чии имиња ќе бидат соопштени подоцна. Право на учество имаат лица постари од 14 години.

Со оглед на тоа што интересот за овој натпревар е навистина голем, втората сезона дефинитивно ќе биде највозбудливата телевизиска авантура досега. За да оставите што подобар впечаток на аудициите, продукцијата „Конект лајв медија“, која го реализира овој проект,  ви дава неколку корисни совети:

• Не имитирајте познати пејачи;
• Одберете омилена песна;
• Бидете оригинални;
• Бидете добро расположени и победете ја тремата;
• Верувајте во сопствениот успех.

Потсетете се и на советите кои Ви ги пренесовме за претходната сезона!

„Најважно е кандидатот да се опушти, да ја победи тремата и да биде свој. Најпознатото шоу на светот не е само натпревар во пеење: не бараме само одлични пејачи, туку и личности кои поседуваат препознатлив карактер, односно тн. Х фактор. Многу сме горди што, според досега обработените податоци, бројот и квалитетот на пријавените ги надмина сите наши очекувања! Меѓутоа, уште еднаш ги повикуваме сите талентирани луѓе да ја земат работата во свои раце и да се пријават за учество во најголемото шоу во регионот кое, да потсетиме, од анонимни поединци создава нови регионални музички идоли. Пријавувањето се одвива преку телефон, како и на нашата официјална фан страница на Фејсбук и веб страната www.prva.rs.“, вели Милена Поповиќ, портпарол на продукцијата која го реализира овој натпревар.

Организаторите нагласуваат дека дури и ако не сте стигнале да се пријавите по пат на СМС или онлајн, тоа можете да го направите и директно на локациите на предаудициите: „Предност да излезат пред стручната комисија ќе имаат оние кои веќе се пријавиле, што е олеснителна околност поради огромната гужва која постои на ваквите настани, така што им препорачуваме на сите кандидати да се пријават на време. Меѓутоа, доколку некој навистина сака да учествува во натпреварот, а од некоја причина не успеал да се пријави, ќе бидеме попустливи“, порачува Милена.

По завршувањето на процесот за пријавување, екипата ќе тргне во возбудлива регионална потрага по нови музички сензации.

 

 Извор: Прва.рс



Врати се горе ↑