Настани 1185299_710659658959761_1974321924_n

16 август, 2013

Атрактивната диџејка Локо Бејби утревечер во Аква Паркот во Пробиштип

Една од најтрактивните српски диџејки Локо Бејби, во рамките на својата балканска турнеа ќе го посети и Аква паркот во Пробиштип. Девојката која ги крши подиумите низ Балканот, гостува во Аква Паркот во Пробиштип во сабота, на 17-ти август, од 21:30 часот. Традиционално, како и на секоја забава во Аква Паркот, очекувајте ноќно капење и користење на тобоганите. Билетите во предпродажба чинат 100 денари, а пред самиот настан ќе бидат 150.

Ланската сезона Локо Бејби беше број еден резидент диџеј во познатиот белградски клуб „Тјуб”, а преклани влезе во топ 5 листата на најбарани женски диџејки на Балканот. Ланското лето, нејзината слава се прошири во клубот „Спејс” на шпанскиот остров Менорка, а годинава беше ангажирана на Ибица, на Плаја де Боса. Нејзиниот музички жанр е техно и хаус.



Врати се горе ↑