Настани Atoms For Peace Live At The Orpheum Theatre

23 февруари, 2013

АТОМСКА Р:ЕВОЛУЦИЈА на ЕГЗИТ!

Од Пасворд Продукција со големо задоволство известуваат дека овогодинешниот ЕГЗИТ ќе пречека некои од најголемите имиња на современата музичка сцена. ТОМ ЈОРК (Thom Yorke), основачот и неприкосновениот лидер на Рејдиохед (Radiohead), еден од највлијателните бендови на денешницата, ќе го предводи лајнап-от на Егзит фестивал со својот нов проект Атомс фор пис (Atoms For Peace). Оваа супер група ни ги претставува вистинските музички ѕвезди – покрај фронтменот и спиритус мовенс на Рејдиохед – Том Јорк, тука се и легендарниот басист на Ред хот чили пеперс (Red Hot Chilli Peppers) – Фли (Flea), славниот продуцент на групата Рејдиохед – Најџел Годрич (Nigel Godrich) како и тапанарот на Р.Е.М. (R.E.M.) и Бек (Beck) – Џои Варонкер (Joey Waronker), и виртуозниот бразилски перкусионист – Мауро Рефоско (Mauro Refosco).

Сите сме многу возбудени што заедно со публиката на Егзит фестивал ќе имаме единствена можност да го чуеме еден од најбараните музички состави оваа година“ – изјави Душан Ковачевиќ, стратешкиот директор на фестивалот.

Оценети од светските медиуми како ‘супергрупа’, „Атомс фор пис“ (Atoms For Peace) во овој момент се една од најврелите теми на светската музичка сцена“ – рече Иван Миливојев, извршен директор на Егзит. „Сите светски фестивали се грабаат да ги добијат, а благодарение на угледот кој го има Егзит во музичката индустрија, сите посетители на фестивалот ќе имаат прилика да ги видат во живо на Петроварадинската тврдина“ – додаде Миливојев.

Драган Амброзиќ, програмскиот директор на главната фестивалска бина рече дека настапот на Атомс фор пис „ќе биде единствена прилика домашната и регионалната публика да чуе како звучат вистинските музички легенди во полна сила, мајстори на музиката во ново издание во кое гитарскиот звук се претопува во дигитален, рок звукот во електроника, паролите во поезија.“

Атомите за мир во еден замав веќе ги освоија вистинските љубители на квалитетниот звук ширум планетата. Публиката на Егзит фестивалот ќе има прилика да ужива во ексклузивното концертно издание на нивната прва турнеја. Тие го објавуваат својот деби албум Амок“ (Amok) на 25-ти февруари, а песните кои претходно беа поставени на интернет како што се Default“, „Judge, Jury and Executioner“, „Amok“ и други, ги воодушевија љубителите на овие великани.

Егзит Р:Еволуцијата само што започна! Покрај тоа што Егзит магијата ќе трае еден ден повеќе, остварена е соработка и со најголемиот светски бренд на андерграунд и бејс музиката, куќата „УКФ Мјузик“ (UKF Music) во чии рамки ќе настапат великаните на овој правец како што се диџеј Фреш Лајв, Фрикшн, СКисМ, Даб Физикс (DJ Fresh Live, Friction, SKisM,  Dub Phizix) и многу други.

Во моментов, актуелната цена на петдневните влезници за фестивалот изнесува 3.580 денари, а во Македонија можат да се купат во продажната мрежа на МК Тикетс и Југотон Рекордс во Скопје. Во тек е и акцијата на Егзит, „Љубовна Р:Еволуција“ со која до 8-ми март сите парови кои ќе ги купат своите фестивалски влезници, добиваат бесплатно место во Егзит кампот!



Врати се горе ↑