Свет Hw7XfQgMPik

3 ноември, 2012

„Атомите за мир“ со нова песна

Супербендот Атомс фор пис (Atoms for Peace), кој го предводи фронтменот на Рејдиохед – Том Јорк и во кој учествува басистот од „Црвените жешки лути пиперчиња“ Фли, неодамна го објавија и првиот сингл од нивниот деби албум, нумерата „Default“, а деновиве ја објавија и „страната Б“ од истиот, со наслов „What the Eyeballs Did“ која е потпишана од Фли.

Првиот албум од „суперпроектот“ на Атомс фор пис е најавен за првата половина од следната година. Слушнете како звучи музиката изработена од овој интересен состав.



Врати се горе ↑