Артисти atom

29 мај, 2014

ATOM – музичко освежување на македонската сцена

Македонската музичка сцена доби ново, пријатно изненадување – музичкиот квартет Атом, кој на 25 мај, многу оригинално, свежо и енергично започна да го изразува својот музички облик. Музичкиот состав е формиран во јануари, 2014 година, а негови членови се: Никола Бочваров (бас), Иван Петровски (гитара), Иван Еминовиќ (клавијатура) и Александар Ванчовски (тапани). Овие професионални музичари, со големо искуство зад себе, решија да ја збогатат македонската модерна музика со моќна фузија од рок, џез и етно елементи во своите песни.

Музичкото патување на Атом започнува со две инструментални музички дела под наслов „Скупи“ и „Балиница“, изработени во студиото на Гени Каревски. Видеото го сними Кочо Сотировски, а за режијата и монтажата се погрижи Радмила Бошкова, воедно и нивниот PR.

 

 

Атом го подготвуваат својот прв албум, кој ќе биде комплетен до крајот на  2014 година. 

 



Врати се горе ↑