5 мај, 2014

Ашер се враќа со „Good Kisser“

По кратката пауза, познатиот американски музичар и актуелен ментор во музичкиот натпревар The Voice, Ашер денеска ја претстави својата нова песна насловена „Good Kisser“ која ќе биде дел од претстојниот осми студиски албум. Сè уште неименуваното издание ќе го наследи „Looking 4 Myself“ од 2012 година, а новиот материјал пејачот го опишал како „сè што можете да замислите“, како и тоа дека во поглед на музиката ќе потсетува на албумот „Confessions“ од 2004 година, нагласувајќи дека е „повеќе Р’н’Б, повеќе урбано“. Како соработници на албумот ќе се потпишат Џермејн Дупри, Брајан-Мајкл Кокс и Брајан Александер Морган.

Фактот дека ќе слушнеме „сè што можеме да замислиме“ го потврдува и оваа нова песна во која всушност се зборува за орален секс; дел од стиховите одат вака: „Don’t nobody kiss it like you… You pull it out, then you open wide“. Како звучи и изгледа сето тоа можете да слушнете горе.

 

 

 

 

 



Врати се горе ↑