27 јули, 2017

Ашер и Џејмс Корден рапуваат во автомобил

Американската музичка ѕвезда Ашер е последниот гостин во популарниот сегмент од емисијата на Џејмс Корден, „Караоке во автомобил“. Како и секогаш, шармантниот водител знае како да ги забавува своите гледачи, пеејќи ги и рапувајќи на најголемите хитови на Ашер како што се „Yeah Yeah Yeah“, „Burn“, „Caught Up“, „I Don’t Mind“ и „OMG“.

Возејќи се низ Лос Анџелес, момците застанаа и на патеката на славните за да ја исчистат ѕвездата на Ашер, а подоцна застанаа да им помогнат на случајни учесници во сообраќајот кои имаа проблеми со автомобилот. Како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑