29 август, 2014

Ашер го претстави видео записот за соработката со Ники Минаж

По неодамнешниот настап на MTV VMA 2014 и песната „Believe“, Ашер продолжува со претставувањето на нови материјали со кои го најавува неговиот осми по ред студиски албум кој ќе го наследи „Looking 4 Myself“ од 2012 година. Како прв сингл беше исфрлена темата „Good Kisser“, а вториот насловен „She Came To Give It To You“, во кој гостува колешката Ники Минаж и кој го продуцираше хитмејкерот Фарел Вилијамс, деновиве доби и свое видео издание кое можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑