9 август, 2016

Ашер ги покажа танцувачките способности во видеото за „No Limit“

Популарниот американски пејач Ашер отсекогаш бил познат и како одличен танчер, а неговите танцувачки способности уште повеќе доаѓаат до израз во новиот видео запис за синглот „No Limit“, во кој гостува колегата Јанг Таг (Young Thug). Минималистичката екранизација е уште еден доказ дека „помалку е повеќе“, а како изгледа сето тоа погледнете горе.

No_Limit_Single

После „Crаsh“, „No Limit“ е веројатно втор сингл со кој пејачот го најавува својот долгоочекуван, осми по ред студиски албум „Flawed“, чие објавување беше одложено во неколку наврати и сè уште нема официјален датум на издавање.



Врати се горе ↑