Аудио Ashanti-never-should-have-cover-art

26 март, 2013

Ашанти има нов сингл „Never Should Have“

Како што пишува магазинот Idolator, Р&Б дивата Ашанти од 2003 година немала ниту еден сингл кој се искачил во најдобрите десет на сингл листите, иако од тогаш има објавено два албума и осум синглови, сепак новиот сингл насловен „Never Should Have“ звучи надежно.

Песната ќе се најде на нејзиниот претстоен петти по ред студиски албум насловен „Braveheart“, закажан за 4-ти јуни годинава. До сега се снимени девет нумери, меѓу кои и соработките со Баста Рајмс, Ар Кели, Кејша Кол, Мик Мил и Френч Монтана. Соработката со Баста Рајмс, нумерата „The Woman You Love“ беше првиот најавен сингл за ова издание, претставен во декември 2011 година. Потоа, во октомври минатата година  следуваше вториот сингл „That’s What We Do“ во кој гостува Ар Кели, а песната „Never Should Have“ која ќе ја слушнете во продолжение е третиот официјален сингл од претстојното издание.

 

 



Врати се горе ↑