14 јули, 2015

„As The Time Goes By“ е првата авторска песна на Теодора Гошева

Tалентираната гевгеличанка Теодора Гошева, која ја паметиме по учествата во музичките натпревари како што се „Македонски идол“ и потрагата по ѕвезди на „М2“, неодамна ја објави својата прва авторска песна насловена „As The Time Goes By“, на која се потпишува како автор на музиката и текстот, аранжманот го направија Ѓорѓи Вацев и Глигор Гошев, а на виолина гостува Атанас Стојанов. За нејзиното првенче Теодора сними и скромен, но ефектен видео запис во реализација на Дарио Коциров и Ѓорѓи Вацев, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, како дел од групата „Д џи ноутс“ (The G Notes), Теодора често настапува во бројни кафулиња во родната Гевгелија и други градови во околината. В четврток, 16 јули, со почеток од 19.30 часот, Гошева ќе ја промовира својата прва песна и пред своите сограѓани на плоштадот во Гевгелија, а настанот за поддршка на локалните уметници е во рамките на гевгелиското културно лето за 2015 година.

И.Ј.



Врати се горе ↑