Аудио DarkDays

7 мај, 2013

As I Fall го претставија првиот сингл од новиот албум

Босанскиот состав од Бања Лука, As I Fall го претставија првиот сингл „Dark Days“, нумера која е една од 14-те песни од претстојниот деби албум. Бендот вредно работи на новиот материјал во студијата Cirith Ungol и Rewind, а за продукцијата ќе се погрижи гитаристот Дражен Кецман, кој изјавил дека изданието ќе биде објавено наскоро и тоа во форма за бесплатно преземање, но и како ЦД. Во следните две недели, составот ќе објави уште еден сингл.

„Во моментов не размислуваме за настапи додека не го завршиме албумот до крај, со цел да не се одолговлекува и комплицира целата работа. Имаме покани од целиот Балкан, така што кога ќе го завршиме нашиот прв албум, ќе започнеме со настапи.“ – открива гитаристот и продуцент на бендот.

As I Fall е формиран во јули 2009 година, со идеја да свири за новата генерација на метал музиката со призвуци на шведскиот melodic death, како и американскиот core. Пред три години го освоија првото место на Зајечарската гитаријада, а настапувале и на многу други големи фестивали во регионот, како што се Демофест во Бања Лука, Сарајево Метал Фест, Урбан Фест Осијек, Егзит и тн.

 



Врати се горе ↑