Свет 1378419_10152039876659574_294517936_n

21 ноември, 2013

„ARTPOP“ на Лејди Гага е број 1 албум во целиот свет

Третиот студиски албум на популарната пејачка Лејди Гага, изданието „ARTPOP“ ги освои врвовите на сите албумски листи ширум светот. Првиот сингл со кој го најави ова издание беше темата „Applause“, по која следуваа „Aura“ за филмот „Machete Kilss“, дуетот со Ар Кели „Do What You Want“ и „Venus“. За овој огромен успех пејачката им се заблагодари на сите нејзините фанови ширум светот.

„ARTPOP“ беше претставен заедно со апликација кои самата пејачка ги опиша како „музички и визуелен систем кој комбинира музика, уметност, мода и технологија со нова интерактивна глобална заедница“. Апликацијата е достапна за сите iOS и Android уреди, а уште еден приказ за сиот овој мултимедијален проект е и краткиот филм кој можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑