Свет gaga

1 ноември, 2012

„АРТПОП“ албумот на Лејди Гага во две верзии

Новиот албум на Лејди Гага со наслов „АРТПОП“, покрај тоа што ќе се појави како „интерактивна апликација“, можеби ќе биде претставен во две сосема различни верзиии. Пејачката размислувала на првиот дел од новото издание да ги објави сите комерцијални песни, додека експерименталните материјали да ги остави за вториот дел. Албумот е најавен за почетокот на 2013 година, а Гага планира да сними и џез албум со легендарниот Тони Бенет, со кој веќе има соработувано.

Исто така, менаџерот на Гага, Трој Картер открива дека тој, пејачката и нивниот редовен соработник, фотографот Тери Ричардсон, на почетокот од следната година ќе го претстават новиот освежителен пијалак под името „Pop Water“, кој ќе биде поздрава алтернатива од сегашните газирани пијалаци, а ќе го промовира самата Лејди Гага. Картер додаде дека ќе пробаат од овој производ да направат „музичарки пијалок“, како и тоа  дека ќе им понудат на многу музички ѕвезди да го поддржат овој „нискокалоричен проект“.

Уште еден новитет поврзан со контроверзната пејачка е нејзиното филмско деби, односно следната година ќе имаме можност да ја видиме во улогата на Ла Камелеон ( La Chameleón) во филмот на Роберт Родригез „Machete Kills“. 

 

 



Врати се горе ↑