Аудио Art Diler1

8 февруари, 2013

„Арт Дилер“ се враќаат со нов сингл

По подолго време, групата Арт Дилер пласира нов сингл насловен „Желим да се смејеш“, со кој го најавуваат својот втор студиски албум, чие објавување е закажано за почетокот на летото годинава. Првиот и повеќе пати наградуван албум „Мирис јесени“ го објавија во 2009 година под етикетата ПГП-РТС.

„Првиот албум помина одлично, понесе неколку награди, па секако дека сме задоволни со тоа што го сработивме до сега. Сега имаме одлична песна, ни се чини во вистинското време, а второ издание е она што публиката го очекува од нас. Ние тоа и ќе им го пружиме, се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата што се однесува на квалитетот, продукцијата и доста позрелите аранжмани кои ги ветува овој сингл“ – едногласно изјавија членовите на групата Арт ДилерМарко Благојевиќ, Ненад Стојковиќ, Бојан Стевановиќ и Марко Вељковиќ.

За новата песна „Желим да се смејеш“ најавен е и видео запис до крајот на месец февруари. Во текот на минатата година објавија и ЕП издание со наслов „Пасје године“, на кое се најде и англиската верзија на нумерата „Оно што јесам“.

Според зборовите на сите членови, Арт Дилер се подготвени да ја продолжат кариерата која поради оправдани причини беше во еден вид хибернација во текот на последните година дена и преку концерти да ја потврдат титулата на одличен „live“ состав.

 

 



Врати се горе ↑