27 декември, 2017

Армин Ван Бјурен на „Охрид колинг 2018“

Еден од најдобрите и најголеми диџеи на светот на сите времиња, Армин Ван Бјурен (Аrmin Van Buuren) ќе биде втората главна ѕвезда на навистина неверојатно атрактивното, трето по ред издание на фестивалот „Охрид колинг“, соопштија од „Авалон“.

„Како што веќе најавивме, првите хедлајнери на ’Охрид колинг 2018’ се Димитри Вегас и Лајк Мајк, кои ќе настапат на 1 август, ноќ спроти Илинден, на стадионот ’Билјанини извори’, додека Армин Ван Бјурен како втор хедлајнер, ќе настапи во сабота, на 4 август, на истото место. Човекот кој четири години по ред беше прогласуван за најдобар диџеј според списанието ’Диџеј маг’, се има закитено со многу признанија и награди. Неговите албуми се продаваат во огромни тиражи, а дел од неговите траки стануваат огромни радио хитови.

Радио-шоуто ’State Of Trance’, чиј водител е токму тој, е најслушано радио-шоу во областа на електронската музика, кое го следат над 25 милиони слушатели ширум светот, што е уште една потврда за квалитетот на овој Холанѓанец. Настапите на Армин Ван Бјурен секогаш се енергични и полни со одлични нумери, но и со изненадувања. Сигурни сме дека и неговиот настап во Охрид ќе биде забележан како еден од низата феноменални настапи на Ван Бјурен, кој ќе привлече бројни фанови од Европа“, велат од „Авалон“.

 

Влезниците се пуштени во продажба од денес, среда (27.12), преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, и тоа по следниве цени:

ПАРТЕР 2- 1.000 денари
ПАРТЕР 1- 1.500 денари
ФАН ПИТ- 2.000 денари

Денеска почнува продажбата и на блок-влзеници за ова шоу и она на Димитри Вегас и Лајк Мајк, по цени од:

ПАРТЕР 2- 1.600 денари
ПАРТЕР 1- 2.100 денари
ФАН ПИТ- 3.000 денари

Покрај „Охрид колинг“, деновиве беа најавени и главните ѕвезди на „Скопје колинг 2018“, Аксвел и Ингросо, а како што велат од „Авалон“, допрва треба да очекуваме уште изненадувања за претстојната јубилејна година за продукцијата, која ќе го прославува својот 25. роденден.

 



Врати се горе ↑