Видео

17 август, 2018

Аријана Гранде запеа во автомобилот на Џејмс Корден

Една од најпопуларните пејачки од новата генерација светски ѕвезди, Аријана Гранде периодов е актуелна со материјалот од својот штотуку објавен, 4. по ред студиски албум насловен „Sweetener“, па промовирајќи ги новите хитови, како што се „No Tears Left To Cry“ и „God Is A Woman“, таа гостува во бројни емисии во родната Америка.

Меѓу нив е и мегапопуларниот сегмент „Караоке во автомобил“ на Џејмс Корден, кој со огромно задоволство и самиот пее заедно со своите гости. Aријана, која веќе беше дел од истоимената емисија што лани беше лансирана како самостоен проект, покрај актуелните синглови, отпеа и дел од постарите хитови, а заедно со Корден одлучија и да се пошегуваат со случајните посетители во едно кафуле…

Освен распеаното возење, Корден и Гранде направија и своја верзија на „Титаник“, а како изгледаше и звучеше сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑