Аудио ariana_grande_major_lazer_hunger_games

14 ноември, 2014

Аријана Гранде на саундтракот за „Игри на глад“; слушнете ја „All My Love“

Како што веќе Ви пренесовме, на саундтракот за претстојното продолжение на филмот „Игри на глад“ работеше младата музичарка Лорд заедно со познатиот композитор и продуцент Пол Епворт, а веќе имавте можност да ја слушнете темата  Yellow Flicker Beat“како и ремиксот на истата за кој беше задолжен Канје Вест. Деновиве стигна уште една песна која ќе се најде на тоа издание, а тоа е темата насловена „All My Love“, која сè попопуларната американска пејачка Аријана Гранде ја сними во соработка со продуцентот Мејџор Лејзер. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

На изданието „The Hunger Games: Mocking Jay Part 1“, закажано за 17 ноември, покрај Лорд и Аријана Гранде ќе се најдат и интересни соработки на изведувачи како што се Кју-Тип, Пуша Ти, Стромае, Хаим, Чарли Екс-си-екс, Грејс Џонс, „Кемикал брадрс“, Мигел и други.



Врати се горе ↑