Свет

17 јули, 2019

Аријана Гранде конечно доби Греми

„Мило ми е што си ја проверив поштата“, напиша Аријана Гранде споделувајќи ја фотографијата со својата прва Греми-статуетка која ја освои на годинашното доделување во февруари, но ја добила дури сега. Иако требаше да настапува на манифестацијата, пејачка одлучи да не ни присуствува на истата бидејќи организаторите не ѝ дозволиле да отпее песни по свој избор, а дознала и дека била единствената што добила вакви инструкции од нив.

View this post on Instagram

really glad i checked the mail

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on

 

Овој прв златен грамофон во нејзината кариера ја освои во категоријата најдобар поп-вокален албум за минатогодишното број 1 издание „Sweetener“, каде што се сместени хитовите „No More Tears Left To Cry“ и „God Is A Woman“. Аријана деновиве го завршува првиот дел од актуелната светска турнеја, која во август ќе продолжи во Европа, а наскоро се очекува и соработката со колешките Мајли Сајрус и Лана Дел Реј што ја сними за новиот филм „Чарлиевите ангели“.

Таа неодамна го објави и видеото за „In My Head“, како видео-насловна страна за списанието „Вог“.



Врати се горе ↑