Свет

24 јануари, 2019

Аријана Гранде ќе го објави новиот албум на 8 февруари

Само неколку дена по објавувањето на химната за пријателството „7 Rings“, Аријана Гранде ги соопшти сите детали за претстојното, 5. по ред студиско издание и продолжение на минатогодишниот „Sweetener“, кој ќе го носи насловот на првиот сингл „Thank U, Next. Имено, 25-годишната ѕвезда откри дека албумот ќе стигне мошне брзо, на 8 февруари, а ќе содржи 12 теми, меѓу кои и неодамна објавената балада „Imagine“.

„Break Up With Your Girlfriend, I’m Bored“, „Bad Idea“, „Fake Smile“, „Bloodline“ и „NASA“ се само дел од насловите на новите песни на кои работеа повеќе продуценти, вклучувајќи го и шведскиот хитмејкер Макс Мартин, чиј потпис стои на продукцијата на едни од најголемите хитови од деведесеттите досега, а ги отпеале имиња како што се Бритни Спирс, Кејти Пери, Тејлор Свифт, Викенд, „Марун 5“ и многу други.

Како што е познато, Гранде во март ќе ја започне и светската турнеја „Sweetener“, во чии рамки ќе го промовира материјалот од двата албума.



Врати се горе ↑