Видео

21 јануари, 2019

Аријана Гранде има химна за пријателството

„7 Rings“ е новиот сингл на Аријана Гранде, за кој пејачката веќе сними и видео. Станува збор вториот сингл од претстојниот, петти по ред студиски албум „Thank U, Next“, кој беше најавен со истоимената песна и претставува продолжение на минатогодишниот „Sweetener“, а материјалот од двете изданија ќе биде промовиран и во рамките на светска турнеја.

За „Седумте прстени“ Гранде искористи дел од мелодијата на познатата „My Favorite Things“ од култниот мјузикл „Звукот на музиката“, во чија екранизација ја отпеа легендарната Џули Ендруз, а често е дел и од божиќниот репертоар.

Image result for 7 rings ariana grande

Идејата за оваа песна Аријана ја добила откако поминала прекрасен ден со своите другарки. „Тоа беше еден мошне напорен ден во Њујорк, па другарките ме однесоа во ’Тифани’ каде што пиевме шампањ и на сите им купив по еден прстен. Кога си отидовме дома, една од моите другарки предложи да напишеме и песна, па го направивме токму тоа“, изјавила ѕвездата, опишувајќи ја песната како „химна за пријателството“.

Розовото видео го екранизираше нејзината веќе долгогодишна соработничка, режисерката Хана Лукс Дејвис, а како изгледаат и звучат „седумте прстени“ на Аријана Гранде дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑