Аудио

6 ноември, 2018

Аријана Гранде им се заблагодари на поранешните момчиња со песна

Иако новиот албум „Sweetener“ го објави во август годинава, Аријана Гранде очигледно не сака да излезе од студио, па одлучи да нè почести со сосема нов сингл насловен „Thank You, Next“. Веројатно така се чувствуваат и нејзините обожаватели, на кои никогаш не им е доста од својата миленичка, па постојано повторуваат „благодарам, следно!“.

Сепак, песната не им е посветена ним, туку на нејзините поранешни момчиња. „Мислев дека ќе завршам со Шон, но не ми одговараше“, пее таа за Биг Шон. „Напишав неколку песни за Рики, сега ги слушам и се смеам“, продолжува за поранешното момче и придружен танчер Рики Алварез. „За малку и ќе се омажев, а за Пит сум многу благодарна“, вели за несудениот сопруг Пит Дејвидсон, со кого неодамна ја раскина свршувачката, за на крајот да заврши со посвета на прерано починатиот Мек Милер„Би сакала да му кажам благодарам и на Малком, бидејќи тој беше ангел“.

Љубев и губев, но и многу научив“, заклучува пејачката, нагласувајќи дека можеби најважна е врската што ја има со себе, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение.

 

Гранде во меѓувреме ја најави и светската турнеја „Sweetener, која ќе започне во март следната година, а во текот на неделава се очекува и видеото за темата „Breathin’“, во режија на Хана Лукс Дејвис.

 



Врати се горе ↑