Видео

13 март, 2019

Аријана Гранде и Ту Чеинз го екранизираа дуетот „Rule The World“

Аријана Гранде и Ту Чеинз го претставија видеото за нивната соработка насловена „Rule The World“, која воедно е и најновиот сингл од штотуку објавениот петти студиски албум на раперот – „Rap Or Go To The League“. 

Екранизацијата на овој дует доаѓа како одличен вовед во светската турнеја на Гранде, која ќе започне на 18 март и во чии рамки ќе го промовира материјалот од двата нови албума – „Sweetener“ и „Thank U, Next“, а како изгледа кога Аријана и Ту Чеинз „владеат со светот“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑