21 март, 2016

Аријана Гранде е „опасна женска“

Популарната американска пејачка Аријана Гранде неодамна го објави својот нов сингл „Dangerous Woman“, со кој го најавува истоименото, трето по ред студиско издание закажано за 20 мај. Продуциран од Макс Мартин, новиот сингл наиде на одлични критики, а додека обожавателите очекуваат видео запис, пејачката реши да ги израдува со малку поинаков концепт. Имено, таа претстави интересно видео во кое ја изведува новата песна акапела (без музика), а како звучи сето тоа можете да слушнете горе.

Инаку, покрај Макс Мартин, 22-годишната ѕвезда за новиот албум соработува со веќе докажани имиња како што се Илја и Котеча (Викенд, Ели Гоулдинг, Тејлор Свифт, Мадона, Бритни Спирс…), а засега е познато дека ќе гостува колегата Лил Вејн, како и легендарната Мејси Греј. Студиската верзија на насловната нумера од албумот, како и вториот промотивен сингл „Be Alright“ преслушајте ги во продолжение.



Врати се горе ↑