Концерт arhangel

21 октомври, 2013

Архангел ќе настапи во живо со Македонската филхармонија

Архангел повторно се подготвуваат за концертна активност, јавуваат од План Б продукција. На 20-ти декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје овој македонски состав уште еднаш ќе покаже зошто македонски подобро звучи, овој пат засилени со Македонската филхармонија. Повеќе од 60 луѓе на иста сцена ќе го донесат спојот помеѓу современото и класичното на начин незабележан во македонската музичка историја. Неповторливо и незаборавно, како што сме навикнати кога е Архангел во прашање.

Деталите за отпочнување на продажбата на влезниците ќе бидат соопштени наскоро.



Врати се горе ↑