Аудио aretha-franklin-sings-the-great-diva-classics1

30 септември, 2014

Арета Френклин најави албум со преработки; прв сингл „Rolling In The Deep“ од Адел

72-годишната Р’н’Б и соул дива Арета Френклин неодамна најави албум со преработки насловен „Aretha Franklin Sings the Great Diva Classics“, а како прв сингл вчера беше претставена темата „Rolling In The Deep“, оригинално отпеана од Адел, а вметнати се и делови од познатата „Ain’t No Mountain High“. Но, легендарната пејачка чија кариера започна во далечната 1956 година, наиде на критики од познавачите на музиката и медиумите. Имено, слушајќи го новиот сингл, многумина се посомневаа дека гласот на Френклин бил дигитално обработен користејќи софтвер за корекција на интонацијата (најпознат е ’Аuto-tune’), што особено може да се забележи во првата строфа. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Пејачката ја промовираше песната и во емисијата на Дејвид Летерман, а нејзината изведба можете да ја погледнете во продолжение.

 

Како и да е, нејзиниот нов албум ќе биде објавен на 21 октомври, а ќе ги содржи следните песни:

01 „At Last” (оригинално отпеана од Ета Џејмс)
02 „Rolling in the Deep“ (оригинално отпеана од Адел)
03 „Midnight Train to Georgia” (оригинално отпеана од Гледис Најт)
04 „I Will Survive (The Aretha Version)
” (мешавина од песните на Глорија Гејнор и Дестинис Чајлд)
05 „People” (оригинално отпеана од Барбра Страјсенд)
06 „No One” (оригинално отпеана од Алиша Киз)
07 „I’m Every Woman”/„Respect” (мешавина од песни на Арета Френклин и Витни Хјустон)
08 „Teach Me Tonight” (оригинално отпеана од Дајна Вашингтон)
09 „You Keep Me Hangin’ On”
 (оригинално отпеана од Сјупримс)
10 „Nothing Compares 2 U
” (оригинално отпеана од Шинед О’Конор)

Извор: Washington Post, Pitchfork



Врати се горе ↑