Концерт

15 септември, 2018

„Ареа“ специјални гости на концертот на „Тексас“ во Скопје

Како што веќе сте информирани, одложениот фестивалски настап на „Тексас“ (Тexas) ќе се претвори во целoвечерен концерт на 28 септември во СРЦ „Кале. Бендот ќе настапи со сет од своите најголеми хитови, во траење од 100 минути, а за вечерта да биде уште поспектакуларна, „Авалон“ се погрижи „Тексас“  да имаат многу специјални гости – македонската рокенрол група АРЕА“, која ќе настапи истата вечер како нивна предгрупа. 

Фотографија на Avalon Produkcija.

Исто така, како што е познато, влезниците коишто не се вратени, а беа купени за 23 јуни ќе важат и за настапот во СРЦ „Кале“, а оние што немаат влезници, ќе можат да ги набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, „Jуготон“ и онлајн на avalon.mk, по следниве цени:

ПАРТЕР- 1.000 денари
ФАН ПИТ- 1.500 денари
ТРИБИНА- 1.500 денари



Врати се горе ↑