Видео

14 ноември, 2018

„Ареа“ се враќа со нов „Зрак“

По пауза од цели пет години, култниот поп-рок состав „Ареа“ конечно се враќа на сцената со нов материјал, а како најава за она што ќе биде шесто студиско издание за бендот, деновиве беше претставена темата „Зрак“. Станува збор за авторско дело на гитаристот Ивица Брчиоски, кој се потпишува на музиката и аранжманот, а стиховите се дело на неговата сопруга и вокалистка на бендот, Ружица Брчиоска.

Нова песна и спот на АреаВи благодариме што долго не чекавте.После 5 години Ареа ви подарува еден зрак што светлост дава 🙂 Уживајте !https://www.youtube.com/watch?v=C3QqCcLCFmo&feature=youtu.be

Gepostet von AREA am Montag, 5. November 2018

Песната е снимена и миксана во нивното семејно студио „Клиника“, а сето тоа е дополнето и со интригантно видео што го изработи екипата на продукцијата „Пирамид“, под режисерската палка на Кристијан Шемко. Покрај членовите од бендот, во видеото се појавува и Ања Поповиќ, млада актерка и професионална танчерка од Скопје, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.

 

Новиот албум ќе го наследи првенчето „Случајно тука“ (1994), „Врати на имагинација“ (1999), „Нешто недостасува“ (2001), „Теби близу“ (2005) и „Сè што сакам си ти“ (2008). Во меѓувреме, бендот во 2013 го објави и синглот Запознај ме, а се надеваме дека наскоро ќе дознаеме и повеќе околу тоа што гостиварските музичари ни подготвиле за своето шесто поглавје од долгогодишната кариера.



Врати се горе ↑