Македонија area

23 април, 2013

„Ареа“ главна ѕвезда на втората вечер на „Т’к так фест“‏

Македонската рок атракција „Ареа“ ќе биде главна ѕвезда на втората фестивалска вечер на годинашново издание на „Т’к так фест“. Со настапот на вториот „Т’к так фест“, гостиварскиот бенд ќе го прекине долгогодишниот пост, а публиката освен можноста да ужива во незаборавните хитови „Дозволи ми“, „Нешто недостасува“, „Колку ми значиш“, „Јас сум ти пријател“, „Сите мои слики“… за прв пат во живо ќе го слушне и големиот хит „Запознај ме“, со кој „Ареа“ и официјално се врати на македонската сцена.

Покрај „Ареа“, во втората фестивалска вечер ќе видиме уште неколку еминентни македонски рок групи, а свои минути ќе имаат и новите рок надежи кои ќе се борат за една од првите три награди кои вклучуваат аудио и видео продукција на нивните победнички синглови, како и за Гран при наградата за најдобар тапанар која годинава изнесува 30.000 денари.

За потсетување, фестивалот годинава ќе се оддржи на 7 и 8 јуни во Кавадарци, а првата фестивалска вечер ќе ја одбележат македонските рок легенди кои и годинава ќе настапат во чест на нивниот прерано починат колега Трајко Каров, а вечерта ќе биде заокружена со настапот на Бубо Каров и „Токму така“.



Врати се горе ↑