Аудио r-kelly

7 јануари, 2013

Ар Кели им посвети песна на жртвите од Њутаун

Роберт Силвестер Кели, многу попознат како „кралот на Р&Б звукот“ Ар Кели, објави нова песна која им ја посветува на жртвите од неодамнешниот масакр во основното училиште Сенди Хук во американското гратче Њутаун, Конектикат, кога животот го изгубија дваесет дечиња. Ова не е прв пат Кели да објавува песни во хуманитарни цели, во 2005 година ја претстави песната „Let Your Light Shine“ посветена на жртвите од ураганот Катрина, а во 2007 година „Rise Up“ им ја посвети на жртвите од пукањето во училиштето Вирџинија Тек. Сите собрани средства од новата песна ќе бидат упатени на семејствата на жртвите кои настрадаа во Сенди Хук, а во продолжение преслушајте ја „I Know You Are Hurting“.

Извор: Spin



Врати се горе ↑