Аудио kelly-rowland-r-dirty-laundry

17 јуни, 2013

Ар Кели гостува во ремиксот на „Dirty Laundry“ од Кели Роланд

Од четвртиот студиски албум „Talk a Good Game“ закажан токму за утре, 18-ти јуни, Кели Роланд минатиот месец го претстави и третиот најавен сингл од ова издание, а тоа беше нумерата „Dirty Laundry“, во која според магазинот Idolator се зборува за комплицираниот однос со Бијонсе. А деновиве беше претставена и ремикс верзијата на овој сингл во кој ѝ се придружи колегата Ар Кели, па песната добива малку поинаква атмосфера.

Ремиксот беше премиерно претставен на американското радио Power 105.1, а снимката од премиерата можете да ја преслушате во продолжение.

 



Врати се горе ↑