Аудио justin_bieber_single_cover

19 ноември, 2013

Ар Кели гостува во новиот сингл на Џастин Бибер

Канадската ѕвезда Џастин Бибер продолжува со својата кампања #MusicMondays, која ја започна на почетокот на октомври и во чии рамки секој понеделник, десет недели со ред ојавува по една нова песна. Минатата недела како шести сингл  ја претстави темата „All Bad“, а вчера пристигна и седмиот сингл во кој гостува познатиот Р&Б музичар Ар Кели. За оваа соработка која го носи насловот „Put You Down“ или накратко „PYD“, Ар Кели изјавил: „Џастин ме покани заедно да ја направиме оваа песна и навистина е моќна. Сакаше да направиме нешто во Р&Б стил и токму тоа и го направивме.“

Песната „All Bad“ и соработката со Ар Кели „Put You Down“ можете да ги преслушате во продолжение.

 

 

 

 



Врати се горе ↑