12 декември, 2013

Ар Кели го претстави видео записот за „Cookie“

Познатиот американски музичар познат како „Кралот на Р&Б музиката“, Ар Кели на 10-ти декември официјално го објави својот дванаесетти по ред студиски албум насловен „Black Panties“, кој е одлично прифатен од страна на критичарите и од публиката. Кели навистина се потрудил да го врати стариот звук кој некогаш ја карактеризираше неговата музика обоена со изразито сексуална лирика. Целиот албум е достапен за преслушување на itemvn.com.

Деновиве стигна и видео адаптацијата за една од песните кои се најдоа не неговото актуелно издание. Станува збор за темата „Cookie“, а самата песна како и видео записот ги содржат сите „компоненти“ кои би ги очекувале од Ар Кели. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑