Видео ргб

14 јули, 2017

„Ар-џи-би“ најавуваат албум со „Разбуди се“

За рок групата „Ар-џи-би“ (RGB) од Крива Паланка нема летен одмор. Тие  деновиве го промовираа синглот „Разбуди се“, кој воедно е најава за нивниот деби албум насловен Мамурни утра“, чија промоција се очекува во септември. Ова е нивен втор сингл, по песната Убаво е, која излезе  во 2015 година.

19399062_1912395635471894_6261263848656476255_n

Составот „Ар-џи-би“ е формиран 2014 година. Основачи се Александар Михајловски, Мартин Николовски и Александар Станковски, а во 2015 година им се придружија и Милош Краљевски и Александар Краљевски.

14317608_1606718866039574_4307676292219552464_n

Периодот до септември членовите на бендот ќе го искористат за досредување на работите околу првиот струдиски албум „Мамурни утра“, кој е снимен и продуциран минатата година во студиото на Милош Краљевски, „ММ“ во Куманово.



Врати се горе ↑