Македонија 19399062_1912395635471894_6261263848656476255_n

2 октомври, 2017

„Ар-џи-би“ го промовираше албумот „Мамурни утра“

Кривопаланечката рок група „Ар-џи-би“ (RBG – Red Green Blue) изминатиов викенд го промовираше својот нов албум насловен „Мамурни утра“, кој го најави со синглот „Разбуди се“. Материјалот се снимаше и продуцираше во текот на минатата година, во студиото на Милош Краљевски, „ММ“ во Куманово, а издаден е под капата на „Горила продукција“.

21151463_2003824679662322_2045554996285432416_n

Албумот содржи вкупно 8 композиции, а покрај „Разбуди се“, на него се најде и деби синглот „Убаво е, објавен во 2015 година, а обвивката е дело на Емил Мијалковиќ и Ѓорѓи Костовски. Промоцијата на новиот материјал продолжува, па како што најавуваат од бендот, наскоро можеме да очекуваме уште едно ново видео, како и дека сите песни ќе бидат поставени на нивниот официјален канал на Јутјуб.

ргб

Додека го очекуваме новото видео, уживајте со одличната „Разбуди се“!



Врати се горе ↑