Концерт apocaliptica-sk

5 јуни, 2015

„АПОКАЛИПТИКА“ во Скопје!

После спектакуларниот концерт на „Уан репаблик“, „Авалон продукција“ ни приреди уште едно одлично изненадување за годинава – една од највозбудливите и најатрактивни  атракции во концертната индустрија во светот – „АПОКАЛИПТИКА“ (APOCALYPTICA) доаѓа во Скопје!

Во Скопје, интензивниот, гласен и експлозивен бенд „Апокалиптика“ доаѓа во рамките на огромната светска турнеја на која го промовираат актуелниот, осми по ред студиски албум „SHADOWMAKER“, објавен е на 17 април, кој содржи 10 нови песни и за прв пат го вклучува вокалот Френки Перез (Franky Perez) кој со бендот настапува во живо на оваа турнеја. Влегувањето на Перез во „Апокалиптика“ претставува значаен чекор напред за бендот. За прв пат имаат само еден вокал на цел албум што на песните му дава цврст и препознатлив звук различен од претходните албуми.

 

„Апокалиптика“ ќе настапи во СРЦ „Кале“ на 17 октомври, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 8 јуни (понеделник) преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“. Ова е второ гостување на „Апокалиптика“ во Скопје после настапот во 2006 година на Скопско лизгалиште кога сè уште не беа толку глобално популарни.

„Авалон продукција“ е организатор на концертот на „Апокалиптика“ и ден претходно во Белград.



Врати се горе ↑