16 февруари, 2015

Апокалиптичен видео запис за „One Last Time“ од Аријана Гранде

Сè попопуларната американска пејачка Аријана Гранде деновиве го претстави својот нов видео запис за темата „One Last Time“, која се најде на нејзиното второ студиско издание „My Everything“. Видео записот претставува една апокалиптична тема: нашата хероина заглавува во сообраќајниот метеж во моментот кога на земјата паѓа метеорски дожд, кој го најавува крајот на светот. Меѓутоа, наместо да се обиде да се сокрие и да се спаси, 21-годишната пејачка се обидува да се искачи на најблискиот покрив со цел што подобро да го види метеорскиот дожд, а сето тоа го снима нејзиното момче.

Видео записот го режираше Макс Лендис, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑