Македонија aco-konga

27 септември, 2013

Апел до сите хумани луѓе: Да му помогнеме на Ацо Конга!

Пејачот Јоце Панов денеска на својот фејсбук профил сподели упати апел до сите хумани луѓе информирајќи за загрижувачката состојба во која се нашол неговиот колега, добро познатиот музичар Ацо Конга. Имено, на музичарот неодамна му била извршена операција во која му ја ампутирале раката, но за несреќа болеста метастазирала и потребна е терапија која чини 15 000 евра. Во продолжение Ви го пренесуваме целиот текст што го објави Панов:

„Се обраќам буквално до целата македонска јавност, до секој еден жител на оваа држава, па и надвор од неа, до сите институции, фирми, до сите мои колеги од естрадата, па и до Владата на РМ. Никогаш во мојот живот не сум се нашол во ваква ситуација. Веке 15 дена размислувам како да го направам првиот чекор, а јавноста да не ме сфати погрешно, цело време сум во грч и не знам што да направам, а од цело свое срце сакам да помогнам. Да сум во состојба, сам би го направил ова што денес го споделувам и го барам од вас.

Се работи за човек кој со еден збор ми помогнал мене кога ми била потребна негова помош, човек кој знам дека на многу луѓе им се нашол и им помогнал на каков било начин. Се работи за еден великан и уникат на македонската естрада, се работи за АЦО КОНГА.

Пред 15 дена му се јавив да го слушнам и од тогаш наваму немам мир во душата, сакав да го прашам како е и да се видиме, а тој ми прозборе со најболен глас и ми рече дека му се случила трагедија, дека му ја ампутирале раката до лакт… во тој момент светот ми се сруши, ми се отсекоа нозете затоа што веднаш ми дојде сликата пред очи како овој човек пред само неколку месеци ми свиреше на мојата промоција во Белград на 17.01.2013.Јас живеам на само 50 метри од него, комшии сме, и чувствувам голема одговорност да најдам начин да му помогам со ваша помош.

За да е уште пожагрижувачка ситуацијата, после овој зафат, метастази му се прошириле и на други места, па ИТНО му е потребна најдобра и најусовршена терапија, разбрав дека тоа ќе биде индиска терапија и дека ќе чини околу 15 000 евра, што мислам дека не е многу пари ако сме сложни и ако сите направиме нешто.

ВЕ МОЛАМ ВЕ МОЛАМ ВЕ МОЛАМ. Можеби некои од вас ќе речат зошто сега токму јас го правам ова, но ќе ви кажам дека чекав 15 дена нешто да се случи и некој да преземе нешто, можеби и многумина не се информирани, но човекот се бори за живот и секој поминат час за него е голем како планина. Знам и дека вистински хуманите и добри луѓе помагаат и никаде тоа не го спомнуваат, никој не знае дека направиле големо дело, јас не сум тој, јас само со ова сакам да најдам прави хумани луѓе, јас ги барам вистинските луѓе за да помогнат.

Можам да земам негова жиро сметка, можам да трчам и да пробам да направам некој хуманитарен настан, но за жал немам толкава моќ сам да ги соберам парите за краток период. Се надевам дека ќе наидам на разбирање од ваша страна. Ви благодарам. ЗА ДА ГО ОБЈАВАМ ОВА, ДОБИВ ДОЗВОЛА ЛИЧНО ОД АЦО КОНГА.“



Врати се горе ↑