Видео

10 октомври, 2018

Антонија го претстави видеото за победничката „Никогаш не вели никогаш“

Победничката на 33. издание на фестивалот „Макфест“, Антонија Гиговска го претстави видеото за првонаградената композиција „Никогаш не вели никогаш“. Ова авторско дело на нејзините веќе редовни соработници – хитмејкерите Лазар и Магдалена Цветкоски – собра најмногу гласови и од жирито и од публиката, а сето тоа сега е дополнето и со одлична визуализација, за која се погрижи режисерот Даниел Јовески. 

Луѓе мои…Официјално мојата победничка песна на "Макфест" 2018 си доби нов видео запис. Ја имам таа можност да ви се…

Gepostet von Antonia Gigovska am Mittwoch, 10. Oktober 2018

 

Во урбаната и романтична екранизација, каква и што доликува за една млада пејачка ѕвезда како Антонија, се појавува и моделот Павле Николов, а како изгледа и звучи победничката тема на „Макфест 2018“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑