Видео

10 јуни, 2019

Антонија Гиговска со француска балада влезе во финалето на „Пинковите ѕвездички“

Во петокот се емитуваше полуфиналето од натпреварот „Пинкови ѕвездички – Сите ѕвезди“, каде што се натпреваруваше и нашата Антонија Гиговска. Младата скопјанка настапи со баладата „Je t’aime“ (Те сакам) од познатата канадско-белгиска пејачка Лара Фабијан и доби само пофални зборови од жирито, па сосема очекувано си обезбеди и пласман во финалето.

Изведувајќи ја песната, пејачката доживеа мала незгода на сцена, односно падна врз една од танчерките, но веднаш стана и продолжи како вистински професионалец.

„Паднав бидејќи тргнав наназад. Среќа е што паднав врз играчите и не се повредив. Благодарам на танчерката која исто така беше професионална и продолжи да игра како ништо да не се случило. Да паднев на сцената сигурно ќе се повредев“, изјавила Антонија за „Блиц“.



Врати се горе ↑