Видео

9 октомври, 2018

Антонија Гиговска победата на „Макфест 2018“ ја посветува на мајка си

„Никогаш не вели никогаш“ е насловот на победничката композиција на годинашното, 33. по ред издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, која на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ја изведе Антонија Гиговска. Оваа трета макфестовска среќа за талентираната пинкова ѕвездичка е дело на нејзините веќе редовни соработници Лазар и Магдалена Цветкоски.

Морам да признаам дека сум многу среќна и бескрајно благодарна на поддршката која што секојдневно ми ја пружате.Сите…

Gepostet von Antonia Gigovska am Sonntag, 7. Oktober 2018

„Морам да признаам дека сум многу среќна и бескрајно благодарна на поддршката која што секојдневно ми ја пружате. Сите оние позитивни и негативни коментари ме мотивираат да целам кон нови успеси. Голема благодарност до мојот тим којшто секогаш е тука до мене, мојата најмила Викторија Петрова, која е моја десна рака задолжена за мојот стајлинг, мојата Катарина Вељанова за прекрасната шминка, Зоки Давитков за прекрасната фризура… Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска, светски таленти а толку скромни ме наградија со песна чие мото е самиот наслов ’Никогаш не вели никогаш’ и дефинитивно моја ѕвезда водилка понатаму… Оваа победа ја посветив на мојата мајка“, напиша некогашната Пинкова ѕвездичка по триумфот на познатиот фестивал.

Antonia Gigovska – "Nikogas ne veli nikogas" 🎥🎞️🎬New video coming soon! 🔜

Gepostet von Daniel Joveski am Freitag, 28. September 2018

 

Макфестовскиот триумф не е единствениот успех што младата пејачка го постигна годинава. Таа неодамна го освои и второто место на романскиот фестивал „Златен елен, каде што поддршка доби и од светски познатата ѕвезда Никол Шерцингер, а нејзиниот дует со Панчо за темата „Ванила“ беше еден од најслушаните хитови изминатово лето.

„Никогаш не вели никогаш“ наскоро ќе добие и своја екранизација, на која работи веќе докажаниот Даниел Јовески, а додека ја очекуваме нејзината премиера, уживајте со настапот во живо на „Макфест 2018“!

Фотографија: Макфест



Врати се горе ↑