12 јули, 2018

Антонија Гиговска и Панчо ДНК мирисаат на „Ванила“

Една од најнадежните нови музички ѕвезди на македонската сцена, Антонија Гиговска продолжува да реди хитови, а нејзиниот четврт по ред сингл пристигнува во вистинско време за да ни ги разубави летните денови. Младата пејачка и овој пат соработуваше со братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишаа како автори на темата насловена „Ванила“, а поддршка ѝ даде колегата Панчо од дуото ДНК.

Потенцијалниот летен хит визуелно го спакува веќе докажаниот режисер Даниел Јовески, а покрај Антонија и Панчо, повторно можеме да ги видиме и танчерите од „Битрикс кру“, кои танцуваа и во нејзиниот претходен сингл „Слаба страна. Како изгледа и звучи најновото од талентираната скопјанка дознајте горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑