Балкан

11 јули, 2019

Антонија Гиговска и Луна Џогани заедно во студио кај Дарко Димитров

Уште една ќерка на позната пејачка ќе тргне по стапките на својата славна мајка, а виновникот за потенцијалниот прв хит повторно ќе биде нашиот Дарко Димитров. Имено, веднаш по победата во шоуто „Задруга 2“, Луна Џогани се упати во студиото на македонскиот композитор, а дел од атмосферата сподели и на социјалните мрежи.

„Ова е само дел од атмосферата од снимањето на моето првенче. Малку се зборови да се каже колку сум почестена со оваа соработка со Дарко Димитров. Ти благодарам што ми ја отвораш вратата за убава иднина“, напиша таа.

Но, она што привлече уште поголемо внимание е што во студиото друштво им правеше нашата млада ѕвезда Антонија Гиговска. Многумина веднаш претпоставија дека станува збор за дует, имајќи предвид дека и Антонија неодамна почна да го освојува српскиот пазар со деби-синглот „Могли смо у двоје“, снимена исто така во соработка со Димитров.

Сепак, Луна одлучи да ја разјасни ситуацијата и откри дека Гиговска има друга улога. „Ја гледав во Задруга и уживав во нејзиниот глас и убавина, а денес таа ми е придружен вокал во моето првенче! Ти благодарам многу драга, ме воодушеви. Ти посакувам многу среќа“, напиша таа споделувајќи ја заедничката фотографија.

За оние кои не знаат, Луна е ќерка на познатата српска пејачка Анабела Атијас и нејзиниот поранешен сопруг Гаги Џогани, со кого членуваше во некогашната популарна група „Фанки Џи“. Дали ќе успее да го повтори успехот на мајка си, ќе дознаеме наскоро.

View this post on Instagram

@luna_djogani studio time 🎈

A post shared by Darko Dimitrov (@darkodimitrov) on



Врати се горе ↑