Македонија

13 март, 2019

Антонија Гиговска дел од евровизискиот тим на Тамара

Откако беше дел од евровизискиот тим минатата година, придружувајќи ги колегите „Ај кју“ во Лисабон, Антонија Гиговска повторно се враќа на сцената на популарниот европски фестивал, овој пат како придружен вокал на Тамара Тодевска, чија химна „Proud“ секојдневно добива сè повеќе позитивни коментари од евровизиските обожаватели.

Актуелната победничка на „Макфест веста ја сподели на својот профил на Инстаграм, а кои ќе бидат останатите придружни вокали ќе дознаеме наскоро.

Сопственичката на хитот Никогаш не вели никогаш“ периодов е актуелна и со учеството во специјалната емисија на „Пинковите ѕвездички“, во чии рамки продолжува да ги воодушевува и публиката и жирито со прекрасните изведби на познати хитови. Особен впечаток остави и со изведбата на „Ако згрешам нека изгорам“, песна оригинално отпеана од Пепи Бафтировски, а подоцна препеана и од Каролина Гочева, па како звучеше сето тоа во изведба на Антонија Гиговска дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑