Настани sunrise b

10 јули, 2013

Антониа Морена, Том Нови и Метју Декеј на плажата Санрајз во Охрид

Плажата Санрајз во рамките на комплексот плажи Немо ова лето нè изненадува со импресивна програма која ги обедини најголемите светски музички имина од денс сцената. Како што започнува летната сезона во Охрид, така атмосферата на плажата полека но сигурно ќе се загрева. Првото летно лудило ќе се случува на 20-ти јули, „SEXY BEACH PARTY’’, уникатна тематска забава, каде покрај одлична музика ќе биде присутна и блага еротика. Главната ѕвезда на настанот е секс бомбата и топлес диџејката од соседна Бугарија, диџеј Ника, на чии електро и хип хоп звуци ќе играат жешки танчерки.

Кулминацијата на летото ќе биде на 27-ми јули со „SUNRISE SUMMER FESTIVALOT’’, настанот со најбогата програма ова лето во Македонија, каде гости се легендите на електронската музика холандските супер стар диџеи Метју Декеј (MATTHEW DEKAY) и  Фанкермен (FUNKERMAN), а од Израел транс дуото Мелисија (MELICIA) како и швајцарскиот транс артист. Фестивалот ќе се одржи на две сцени, ќе има одлично озвучување, светлосни ефекти, ласери, проекции, како и пена моменти.

Покрај вечерните забави САНРАЈЗ исто така планира и богата дневна програма, каде што од 25-ти  до 28-ми јули за прв пат во Охрид ќе се одржи Фестивал на коктели, а покрај најразновидни коктели по супер промотивни цени ќе има и богата музичка програма.

Летното лудило продолжува и за празничниот викенд на 1-ви август на кој го најавуваме настапот на најголемиот хит мејкер на сите времиња ТОМ НОВИ, додека пак во сабота на 3-ти август централниот настан на Санрајз е мега концерт на ултра згодната Антониа Морена, чиј хит „Марабоу’’ е моментално број еден на сите Европски топ листи.

Влезниците за сите настани се веќе во предпродажба по супер промотивни цени, а истите може да се најдат во салоните на ОНЕ низ цела Македонија и на дистрибутивната мрежа Купи Карти За Сè.



Врати се горе ↑