13 ноември, 2017

Антонела ќе ја освојува сцената со преработка од Адел

Младата охриѓанка Антонела Трајкоска, со преработка на композицијата „Million Years Ago“ од мегаѕвездата Адел, ќе ја освојува македонската сцена. Како дел од музичкото училиште и продукција „Мјузик рум“ (Music Room), Трајковска работи на креирање нови материјали, преку кои ќе го покаже својот талент.

„Ние како продукција и музичко училиште, застанавме зад реализацијата на овој видео-спот и преработката на композицијата. Таа е извонреден талент, кој допрва ќе покаже што знае. Работиме на усовршување на младите таленти, бидејќи само така се стигнува до врвот. Верувајте, има многу. Наскоро, тие ќе бидат презентирани пред јавноста, бидејќи заслужуваат да бидат видени и чуени“, вели Анита Мицова, естраден уметник и основач на продукцијата.

Според неа, Трајковска со труд и работа, ќе биде видно име на естрадата, а како звучи нејзината одлична преработка на хитот од Адел можете да слушнете горе. Уживајте!

Извор и фотографија: Макфакс



Врати се горе ↑