Настани Foltin

28 јануари, 2013

„Антитело“ во потрага по тела во клубот Хавана

Клубот Хавана како и досега, го одбра најдобриот и најсвежиот звук за својата публика. Токму затоа направен е вистинскиот избор за 14ти февруари, кога ќе се случува големиот спектакл во чест на виното и љубовта и кој ќе биде поддржан од единствениот звук на електро – акустичниот бенд Фолтин.

По пет успешни албуми зад себе и по пет години пауза од нов материјал, македонската музика повторно доби уште едно ново квалитетно парче звук, а дегустаторите на истиот имаа можност да уживаат тестирајќи го во текот на декември во Скопје, а потоа и на домашен терен во Битола во јануари, каде што бендот доживеа навистина успешна промоција на албумот.

„Kога пишуваш поезија и ја свириш, имаш апстрактна форма и израз, што е супер затоа што на слушателот му оставаш голема слобода да го сфати делото онака како што сака. Таа слобода е незаменлива и совршена а добро дело излегува кога дозволуваш слушателот да го чуе. Кусо речено, знам дека насловот буди интерес иако е апстрактен. Идејата беше, а тоа најмногу може да се види во текстовите, да покажеме дека чувствуваме импулс слободно да се изразиме и да застанеме на свои нозе и слободно да живееме и да зборуваме,“ – изјави Бранко Николов за дневниот весник Дневник.

На 14ти февруари, за сите оние кои сакаат ‘репете на дегустацијата’ од изминатата година, но и за оние кои слушале и сакаат да се уверат во кажаното, на 14ти февруари, Хавана е местото, Фолтин се дечките.

На денот на љубовта и виното, ќе ги чуеме 6те нумери од АНТИТЕЛО, спакувани во страсно магично 20 минутно задоволство, така што на овој повеќечасовен концертен настап ќе се потсетиме на сите хитови на бендот. Картите ќе бидат пуштени во претпродажба во ограничен број од 01.02.2013 по претпродажна цена од 200 МКД.

 



Врати се горе ↑