20 јуни, 2018

„АнтиарТ“ сонуваат за „Огледала“

Денеска, среда, 20 јуни, на официјалниот канал на Јутјуб на скопскиот бенд „АнтиарТ“ беше објавен нивниот прв официјален сингл и видео запис. Станува збор за песната насловена „Mirror“ (Огледало), која е вистинско освежување за македонската музичка сцена и е авторско дело на бендот, а сето тоа визуелно го долови режисерот Владимир Митревски – Ѓуле, заедно со Драган Паковски зад камерата и Маја Јакимовска зад фото-објективот. Дел од песната е снимен во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, а за аудио-уредувањето се погрижи Горан Гешовски.

Бендот е составен од 5 члена: Леана Таќи – Леа (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер (тапани). До крајот на годината тие планираат да го издадат својот прв студиски албум, а со дел од своите песни публиката имаше можност да ги чуе и на овогодинешниот „Рок-фест“.



Врати се горе ↑