Видео

19 август, 2018

„АнтиарТ“ го подготвува првиот албум

Скопскиот бенд „АнтиарТ“, кој неодамна го претстави деби-синглот „Огледала“, летово го поминува во студио, подготвувајќи го материјалот за првиот албум што треба да стигне до крајот на годинава.

Екипата составена од веќе докажаните и искусни музичари: Леана Таќи – Леа (вокал), Никола Бочваров (бас-гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер (тапани), сподели фотографии од атмосферата во студиото на Ивица Јанкуловски, потсетувајќи нè дека албумот е на пат.

Drums recorded -> AntiarT's first album – on its way! 🎶🖤🥁

Gepostet von AntiarT am Samstag, 18. August 2018

Освен најавниот сингл, бендот нè почести со уште еден „залак“ од новиот проект – песната насловена „Happiness“, со која се натпреваруваше на годинашниот „Рок-фест“, а како звучеше и изгледаше сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Кочо Сотировски



Врати се горе ↑