Видео

5 декември, 2018

„АнтиарТ“ го најавува деби-албумот со „Завидлив поглед“

Бендот „АнтиарТ“ деновиве го промовираше својот втор официјален сингл насловен „Завидлив поглед“, како најава за долгоочекуваниот прв студиски албум на групата, кој е во финална фаза на подготовка. Станува збор за авторско дело на бас-гитаристот Никола Бочваров (музика) и вокалистката Леана Таќи – Леа (музика и текст), а аранжманот им е заеднички на сите пет члена.

Песната стигна во комплет со видео што го снимаше Кочо Сотировски, а го уредуваше Леа, додека специјален придонес за време на снимањето дадоа Кристијан Теодоров и Елена Петковска. Дел од песната е снимен во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, а за аудио-уредувањето се погрижи Горан Гешовски. 

Фотографија на AntiarT.

Само за потсетување, „АнтиарТ“ се: Леана Таќи (вокал), Никола Бочваров (бас-гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер (тапани). Приказната на оваа музичка дружина започна со синглот „Огледала“, а дел од новиот материјал што ќе се најде на претстојниот деби-албум публиката имаше можност да слушне на нивниот настап на годинашниот „Рок-фест.

Како звучи и изгледа „Завидливиот поглед“ на „АнтиарТ“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑